Новиот закон за финансиска дисциплина наскоро пред Влада

Bez autora
Oct 21 2013

Новиот закон за финансиска дисциплина со кој треба да се подобри ликвидноста на стопанските субјекти е во завршна фаза и наскоро ќе се најде на владина седница. Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, се очекуваат позитивни мислења од страна на стопанските комори бидејќи во законот се содржани предлози што тие ги сугерираат. Тоа е добар закон за да се подобри финансиската дисциплина, да се заштитат кредиторите, да се подобри ликвидноста на стопанството. За десетина дена ќе се најде на владина седница и потоа ќе оди во Собрание - рече Ставрески кој појасни дека регулирањето на обврските меѓу приватните субјекти е дадено со рокови и изнесува 60 дена, освен доколку двете странки не се договорат поинаку, тогаш може да биде максимално до 120 дена.

Новиот закон за финансиска дисциплина наскоро пред ВладаНовиот закон за финансиска дисциплина со кој треба да се подобри ликвидноста на стопанските субјекти е во завршна фаза и наскоро ќе се најде на владина седница.

Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, се очекуваат позитивни мислења од страна на стопанските комори бидејќи во законот се содржани предлози што тие ги сугерираат.

- Тоа е добар закон за да се подобри финансиската дисциплина, да се заштитат кредиторите, да се подобри ликвидноста на стопанството. За десетина дена ќе се најде на владина седница и потоа ќе оди во Собрание - рече Ставрески кој појасни дека регулирањето на обврските меѓу приватните субјекти е дадено со рокови и изнесува 60 дена, освен доколку двете странки не се договорат поинаку, тогаш може да биде максимално до 120 дена. Но, исто таква одредба ќе има помеѓу државните институции и приватните, значи 60 односно 120 дена за плаќање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik